„Ла лига е циркус, Реал Мадрид треба да се повлече од неа!“

Столе Димитриевски беше во главна улога на вчерашниот дуел меѓу Валенсија и Реал Мадрид. Македонскиот голман успеа да го испровоцира Винисиус да добие директен црвен картон на овој натпревар.

На петнаесетина минути до крајот Бразилецот падна во свој стил во шеснаесетник, Македонецот му пријде и следеше мал контакт, по што Винисиус замавна со двете раце и го удри Димитриевски.

Контактот не беше преголем, но намерата беше очигледна, па по интервенција на ВАР и повторно прегледување на снимката беше одлучено најдобриот светски фудбалер за 2024 година да добие директен црвен картон.

По мечот на клупската телевизија излезе срамна објава во која бараат Реал Мадрид да се повлече од Ла лига.

„Клубот треба веднаш да се повлече од лигата, првенството е одвратно. Секоја посета на овој стадион носи некаков циркус. Вакви работи му се случуваат само на Реал Мадрид, целиот систем е против нас. Вечерва ја победивме Валенсија и покрај оваа валкана игра, сами против сите“, објави клупската телевизија.

Се вчитува...