Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, дефитивно ќе го пропушти мечот против Валенсија поради суспензија. Клубот поднесе жалба до федерацијата за сомнителниот жолт картон против Леганес во претходното коло, но комисијата го одби барањето на „каталонците“, па Валверде мора да наоѓа алтернативи за неделното дерби.
Токму тоа е големиот проблем на Барса, бидејќи Маскерано е повреден, а Валверде нема доверба во Вермален, па се шпекулира дека играч од младинската школа или Барселона Б ќе добие шанса да настапи за првиот тим.
Дербито на двете првопласирани екипи во Ла Лига е закажано за в недела, со почеток од 20:45 часот, на стадионот „Месталја“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА