Ла Лига најави дека ќе го пријави ПСЖ во УЕФА за случајот со Мбапе!

Ла Лига излезе со соопштение дека ПСЖ со овој тип на договор ја руши економската стабилност на европскиот фудбал, загрозувајќи стотици илјади работни места, како и интегритетот на спортот, не само во европските натпреварувања, туку и во домашните лиги.

Скандалозно е што клуб како ПСЖ, кој минатата сезона забележа загуби од повеќе од 220 милиони евра, откако акумулираше загуби од повеќе од 700 милиони евра во претходните сезони (додека пријавуваше приходи од спонзорство по сомнителна проценка), оваа сезона да може да склучи таков договор со Мбапе, додека оние клубови кои можеа да си дозволат да ангажираат играчи остануваат без можност да ги потпишат.

Во минатото, Ла Лига се жалеше до УЕФА за непочитување на финансискиот фер-плеј од страна на ПСЖ. Овие жалби беа успешни и УЕФА го санкционираше клубот, додека Судот за спортска арбитража (CAS) ги укина санкциите со бизарна одлука.

Ваквата одлука на Ла Лига ја пренесе и Фабрицио Романо.

 

 

Се вчитува...