Ла Лига и РФЕФ одбија да ги регистрираат Дани Олмо и Пау Виктор, па двајцата нема да можат да играат за Барселона. Каталонците сепак, не се откажуваат, па ќе ја искористат последната опција, т.е. жалба до до Вишиот совет за спорт во Шпанија.
Барселона не успеа да ги покрие сите трошоци во буџетот и да добие дозвола да ги регистрира Олмо и Пау Виктор, па Ла Лига и РФЕФ го продолжија „лимитот на трошоците за Каталонците“. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се надеваше дека плаќањето на ВИП-ложата ќе биде прифатено од Ла Лига, но ниту оваа трансакција не му дозволи да го балансира буџетот и да го доведе во позиција секое заработено евро да оди за плати.
Останува да се види што точно ќе се случи со двајцата играчи, кои до денеска напорно тренираа како да ќе се разреши ситуацијата. „Марка“ посочува дека постои можност и двајцата да заминат на позајмица до крајот на сезоната за да играат, но играчите имаат и опција да ги раскинат договорите и да ја сменат средината како слободни играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА