Ла Лига се израмни со Премиерлигата: Доби пет места во Лигата на шампионите!

Шпанија е втората земја која од УЕФА добива пет места во Лигата на шампионите за наредната сезона. По Премиерлигата, сега и Ла Лига ќе има пет места во најсилното европско клупско натпреварување.

По вчерашните обезбедени полуфиналиња на Атлетик Билбао во Лига Европа и Бетис во Конференциската лига, Шпанците и математички си го обезбедија второто место зад Премиерлигата, според коефициентот на успешност на нивните екипи во европски рамки, избивајќи со сигурност пред Германија и пред Италија.

Шпанија, според коефициентот, е зад Англлија но има недостижна предност пред Германија, Италија и Франција.

Според актуелната ситуација на табелата во Ла Лига, Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао ќе бидат од првата до четвртата позиција, а за петтото место до крајот на сезоната ќе се борат Вилјареал со 51 бод, Бетис – 48 бода, и Селта и Мајорка по 43 бода.

Се вчитува...