Во последниот натпревар од 1. коло во Втората лига – Запад, Лабуништа на стадионот во Струга славеше минимално со 1-0 против Велазерими.
Фудбалерите на Лабуништа до триумфот дојдоа благодарение на погодокот на Бојан Спиркоски во 48. минута од средбата.
На останатите четири дуели од стартното коло кои се одиграа вчера Гостивар славеше на гостувањето против Кораб со 0-2, Струга Трим Лум ремизираше (1-1) против Детонит јуниор во Куманово, Скопје и Пелистер одиграа без голови на Автокоманда а Тетекс ремизираше (1-1) на гостински терен против новиот второлигаш Генч Калемлер во Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА