Ладен туш за Барса – Атлетико бара богатство за Алварез

Хулијан Алварез е посочен како главна желба на Барселона за наследник на Роберт Левандовски, но каталонскиот гигант се соочува со огромен проблем откако Атлетико Мадрид одреди превисока цена за сите заинтересирани за аргентинскиот ас.

Шпанските медиуми обелоденија дека од Мадрид пристигнала порака до Барса – Алварез чини 200 милиони евра ако некој сака да го ангажира, сума што сериозно ги намалила шансите да се доведе Аргентинецот на „Камп Ноу“.

„Алварез е наш фудбалер, има уште неколку години од договорот и среќен е во Атлетико. Не гледаме зошто би го продале“, порача претседателот Енрике Черезо.

Каталонците подготвија понуда од 60 милиони евра, што со клаузули би пораснала на 80 милиони евра, но јасно е дека овие суми се далеку под богатството што го бара мадридскиот тим. Останува да се види што ќе се случува во текот на летото, дали Атлетико би ја спуштил цената што ја бара и Барса би стигнала најмалку до 100 милиони евра, за да има шанси овој мегатрансфер да биде реализиран.

Се вчитува...