Ладен туш за Јунајтед: Аталанта бара 100 милиони евра за Хojлунд

Манчестер Јунајтед конечно го комплетираше трансферот на голманот Андре Онана, па Тен Хаг екпресно се насочи кон следниот приоритет за својата екипа – ангажман на нов голгетер на „Олд Трафорд“. Главна желба беше Хари Кејн, но таа опција експресно падна во вода, потоа беа споменувани и Коло Муани и Осимен, но и овие двајца се покажаа како прескапи опции, во ситуација кога Јунајтед се уште не добива нови газди и со самото тоа има лимитиран буџет за трансфери.

Тен Хаг поради ова го насучи вниманието кон Расмус Хојлунд, младиот дански голгетер кој имаше добра сезона во Аталанта, но стратегот на Јунајтед остана шокиран откако од калчолигашот од Бергамо стигнапорака дека овој фудбалер чини – 100 милиони евра.

„Хојлунд е одличен напаѓач и секако дека сакаме да го задржиме. Ако некој сака да го купи, ќе треба добро да плати, да речеме околу 100 милиони евра“, изјави тренерот на Аталанта, Џампјеро Гасперини.

Англиските медиуми најавуваа дека Јунајтед ќе испрати понуда од околу 50 милиони евра, па јасно е дека разликата меѓу двете суми е преголема за да може да биде најден заеднички јазик. Останува да се види каква ќе биде реакцијата на „црвените ѓаволи“, кои ќе треба да ризикуваат за нов голгетер кој е млад и перспективен, но лани постигна скромни 10 гола на 34 средби за Аталанта. Да се плати 100 милиони евра за фудбалер со такви бројки е сериозен ризик, особено ако се знае дека Тен Хаг лани инсистираше на толкава сума за Ентони од Ајакс, кој се покажа како големо промашување.

Се вчитува...