Ладен туш за Реал: Ливерпул не го пушта Трент во јануари

Реал Мадрид ќе инсистира на доведување на нов десен бек во јануарскиот преоден рок, откако Дани Карвахал заработи тешка повреда, а Лукас Васкез на последните натпревари јасно покажа дека не е најсигурна опција на овој дел од тимот за да ја мине целата сезона како стандарден првотимец.

Јавна тајна е дека голема желба на Флорентино Перез е трансфер на Трент Александер Арнолд, суперѕвездата на Ливерпул чиј договор со „црвените“ истекува на крајот од сезонава. Преговорите за нов договор се во тек, а Перез се надеваше дека ако истиот не биде потпишан до крајот на годинава, тој со богата понуда ќе успее да го убеди Ливерпул да го продаде десниот бек во јануари, за тој летото да не се замине без никаква отштета од клубот.

Од Англија стигна јасна порака до првиот човек на Реал – Трент Александер Арнолд не е за продажба. Ставот на Ливерпул е јасен, желба на клубот е да биде потпишан нов договор, но не е поставен последен рок до кој тоа мора да се случи. Практично, дури и доколку тоа не се случи до крајот на декември, преговорите ќе продолжат и во првата половина од 2024 година, се со цел на крајот да биде најден заеднички јазик. Трент важи за еден од клучните играчи во таборот на Арне Слот и пораката од „Енфилд“ е јасна, тој нема да си замине среде сезона, дури и по ризик на крајот во јули 2025 како слободе играч да го напушти Ливерпул.

Се вчитува...