Швајцарија прва стигна до водство на суперинтересниот дуел против селекцијата на Србија, кој ќе го даде името на последниот осминафиналист на овој мундијал. Џердан Шаќири е стрелец на водечкиот погодок за Швајцарците, откако екс-фудбалерот на Ливерпул со силен и прецизен удар од петнаесетина метри го матираше голманот Милинковиќ – Савиќ.
Швајцарија имаше две стопроцентни шанси во првите триесет секунди од мечот, но српскиот голман тогаш успеа да ја сочува мрежата незатресена.
Србија најубавата шанса ја имаше по десетина минути игра, кога Живковиќ одлично шутираше од дваесетина метри, но топката наместо во мрежата заврши само во дирекот од голот на Кобел.
Избраниците на Стојковиќ сега се пред сериозен предизвик, ако се знае дека победа им е единствена опција доколку сакаат да се пласираат во мундијалското осминафинале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА