Ладните сали пак се проблем – МКФ го одложи продолжението на сезоната

Кошарката како да не ни е доволно „долу до дното“, па сега пристигнува нова информација од МКФ, дека продолжението на сезона асе одлага најмалку за две седмици, па Супер-лигата ќе продолжи најрано викендот 24/25 јануари иако според календарот требаше да се случи петнаесетина дена порано.

Проблемот е добро познат, „рак-раната“ наречена ладни сали. Ланската иницијатива на КК Пелистер конечно придонесе овој проблем да се реши со целосно почитување на правилата, но новото раководство на куќата на кошарката ретерираше на ова поле, сметајќи дека е полесно да се одложи првенство отколку да се создадат оние најминимални услови за игра пропишани во пропозициите.

Останува да се види кога точно ќе продолжи Супер-лигата ако се знае дека првичното одлагање за две седмици не значи и дека дефинитивно ќе гледаме кошарка во јануари 2026.

Во меѓувреме, следниот викенд на програмата е разигрувањето за преостанатите четири места во Купот на Македонија. Во какви сали, допрва ќе видиме.

Се вчитува...