Макс Ферстапен ја слави првата шампионска титула во кариерата, но тоа немаше да биде возможно доколку Николас Латифи не излеташе со својот болид од патеката на пет круга до крајот. Луис Хамилтон до тој момент имаше предност од десетина секунди и иташе кон титулата, но влегувањето во сигурносното возило овозможи Ферстапен да му се „залепи“ на големиот ривал, за потоа во последниот круг да го мине и да стигне до победата и до шампионската титула.
Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, јавно му се заблагодари на Латифи за „услугата“, ветувајќи му доживотна гратис залиха од енергетскиот пијалок Ред Бул.
„Ни требаше чудо од боговите на тркањето во последните десет круга и се случи токму тоа. Ти благодариме Николас Латифи за сигурносното возило. Сигурно ќе добиеш доживотна залиха од Ред Бул“, прокоментира Хорнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА