Eден од најдобрите македонски одбојкари, Александар Љафтов кариерата ќе ја продолжи во грчкиот ПАОК, кој во моментов е предводен од најдобриот македонски тренер, Јошко Миленкоски.
Љафтов потпиша договор со ПАОК на една сезона. Нашиот репрезентативец оваа сезона одигра два меча за Струмица во ЦЕВ Купот, по што ќе ја продолжи интернационалната кариера.
„Многу сум среќен што се приклучив во редовите на ПАОК. Се надевам дека веднаш ќе се прилагодам на тимот и ќе можеме да постигнеме големи работи, играјќи многу убава одбојка. Среќен сум што повторно ќе работам со првиот тренер кој го имав во кариерата, Јошко Миленкоски. Многу добро се познаваме. Едвај чекам да започнат официјалните натпревари“, изјави Љафтов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА