Љафтов и официјално се пресели во Кувајт

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов во следната сезона ќе настапува за кувајтски Бурган, а примачот имаше и официјално претставување во новата средина.

По една година мината во редовите на грчки ПАОК каде соработуваше со селекторот на националниот тим Јошко Миленкоски, Љафтов се одлучи за промена и во новата сезона ќе ги брани боите на кувајтскиот вицешампион.

Репрезентативецот е веќе во тренажен процес и се адаптира на новите соиграчи.

Љафтов, чиј матичен клуб е македонскиот првак Струмица, во својата интернационална кариера има настапувано и во Бугарија, Србија, Турција, Италија, Хрватска, Кипар, како и Саудиска Арабија и ОАЕ

Се вчитува...