Македонските одбојкари тренираат во Словенија и со нетрпение го очекуваат премиерниот настап на европските шампионати. „Црвено-жолтите“ задутре ќе се сретнат со Финска, а Александар Љафтов е убеден дека квалитетот на овој меч е на страната на нашиот национален тим.
„Прв натпревар е, можеби ќе има трема, мал грч, но дури и да го загубиме првиот сет, не треба да се предаваме, треба да се бориме до крај за секој последен поен. Се надевам, односно знам дека можеме да го направиме тоа”, убеден е Александар Љафтов.
Уште поголем оптимист е блокерот Ристо Николов, кој е убеден во триумф на нашиот состав на отворањето на ЕП.
“Еве јас ќе бидам првиот што ќе кажам дека сме поквалитетни од нив и навистина верувам дека в четврток ке ја израдуваме македонската јавност. Во мислите треба да имаме дека можеме тоа да го направиме“ – порачува Николов.
По дуелот со Финска, нашите одбојкари во наредните денови во рамките од групата Ц ќе ги одмерат силите и со селекциите на Турција, Русија, Белорусија и Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА