Одбојкарската репрезентација на Македонија испиша историја откако со две победи на домашен терен (Данска и Црна Гора) за првпат се пласираше во нокаут фазата на едно континентално натпреварување.
„Спартанците“ се во Бари каде против домаќинот и актуелен европски и светски шампион Италија в сабота ќе го одигра осминафиналниот дуел.
„Нашата цел е исполнета, а сега не очекува Италија. Таму ќе биде големо шоу. Не чека полна сала кај светскиот шампион. Врв на кариера ќе ни биде овој натпревар и се надеваме дека во најдобро светло ќе ја промовираме одбојката во Македонија. Мора да бидеме горди за ова што го направивме досега и едноставно ќе уживаме против Италија. Што и да кажам за одбојката во Италија е „сувишно“. Тие не скаутираа цело време и сигурно добро не имаат проучено. Одиме таму и се надевам дека ќе одиграме најдобро што можеме“, изјави Љафтов.
Натпреварот меѓу Македонија и Италија ќе се игра утре со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА