Љафтов: Наше е да играме, другите нека критикуваат колку сакаат…

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Александар Љафтов даде значаен придонес во денешната голема победа над Белорусија, по што сосема заслужено го прослави првиот триумф на Македонија на европските шампионати. Воедно, тој напомена дека нашите репрезентативци нашле сила во критиките што беа упатувани на нивна адреса по почетните порази.

„Сите овие порази во последните денови придонесоа да играме подобро. Не фати инает по критиките дека сме аутсајдери, е ние знаевме дека можеме подобро од она што го прикажувавме на почетокот од ова ЕП. Дојдовме да одиграме добри натпревари, денеска прикажавме игра каква што се очекува и победивме заслужено. Покажавме сила, во третиот сет губевме, но желбата да стигнеме барем до една победа пресуди. Можеби нема да одиме во втората фаза, но со оваа победа покажавме дека припаѓаме овде во елитното друштво. Наше е да играме најдобро што можеме, а другите нека зборуваат што сакаат“ – истакна Љафтов.

 

Се вчитува...