ЕКИПА во Љубљана,
Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски
Македонија ја оствари првата историска победа на ЕП во блескава игра против Белорусија, а Александар Љафтов се надека со идентично издание може денеска да ја изненади и домашната селекција на Словенија. Домаќини се и ќе ја имаат публиката на своја страна, за квалитетот доволно говори досегашниот максимален ефект од три победи, но македонските одбојкари се максимално мотивирани за да прикажат уште една добра партија.
„Словенија е силна селекција. Домаќини се, ја имаат публиката која ги носи на секој меч, се создава еуфорија по победите. Но, ќе се бориме, нема предавање. И сме играле со нив во минатото во Европската лига, ќе го дадеме максимумот, тоа е сигурно. Треба да останеме фокусирани и да ја искористиме секоја шанса“, вели Александар Љафтов.
За Македонија дуелот против Словенците е последен во групниот сегмент. Победа не води во осминафиналето, има „математики“ да се протнеме меѓу 16 најдобри селекции и со пораз, но доколку освоиме најмалку два сета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА