Македонските одбојкари в недела во вториот и одлучувачки натпревар од квалификациите ја пречекаат Грција во Скопје во битката за осигурување ново учество на Европско првенство.
Со триумф над Грците, Македонија сигурно обезбедува четврто по ред за себе учество на ЕП. А, македонскиот примач Александар Љафтов верува дека публиката може да биде клучниот адут за наш успех.
„Најважниот натпревар со Грција, помина Грузија и очекуваната победа дојде и покрај напорниот пат. Ако ја победиме Грција веќе сме со една нога на ЕП во 2026. Затоа, ги повикувам сите љубители на одбојката и на спортот да дојдат в недела и да не бодрат, заедно да извојуваме победа. Ако не победиме нема да биде крај зошто имаме уште два натпревари следното лето, па шансите се големи“ – вели Љафтов.
Одбојкарската федерација на Македонија одлучи влезот за натпреварот во „Јане Сандански“ кој во недела се игра од 20:15 часот да биде слободен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА