Репрезентативецот на Србија и член на турскиот Бешикташ, Адем Љајиќ е префрлен во карантин поради сомнеж дека е заразен со коронавирус. Љајиќ е одвоен од остатокот од тимот поради висока температура. Не е спосебен да тренира и веќе неколку дена не станува од кревет.
Србинот сезонава игра одлично во тимот од Истанбул. Настапи на 25 натпревраи на кои постигна четири гола и забележа седум асистенции. Тој ќе биде надвор од тимот на дерби натпреварот против Трабзонспор кој Бешикташ треба да го одигра викендов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА