Ноа Лајлс го одбрани светскиот трон на 200 метри. Во одлична трка, Американецот победи со 19,52 секунди. До последниот метар, неговиот сонародник Беднарек и младиот Јамајканец Левел го држеа чекорот со него, но круната сепак остана кај Лајлс. Тој победи на 200 метри на светските првенства по четврти пат по ред.
Беднарек го освои среброто со 19,58, додека Левел го освои првиот светски медал со резултат од 19,64.
Неколку минути подоцна во женското финале од истата дисциплина, Американката Мелиса Џеферсон Вуден беше најбрза. Светската шампионка ја додаде на својата круна на 100 метри онаа во двојно подолгата делница со 21,68. Таа ги остави зад себе ривалките за речиси половина секунда. Британката Ејми Хант беше втора со 22,14, додека бранителката на титулата Шерика Џексон од Јамајка заврши трета со 22,18.
Вистинската драма беше видена во финалната серија од трискокот. Португалецот Педро Пичардо водеше од првата серија, но потоа Италијанецот Андреа Далавале му ја одзеде првата позиција со последниот скок со 17,64. Сепак, Пичардо ја задржа својата смиреност и во последната серија стигна до златото со скок од 17,91. Кубанецот Лазаро Мартинез беше трет со 17,49.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

