Лајлс ја потврди одличната форма пред ЛОИ: Личен рекорд на 100 метри во Лондон (ВИДЕО)

Американскиот спринтер Ноа Лајлс победи на трката на сто метри во рамките на Дијамантската лига во Лондон на последниот тест пред почетокот на Олимписките игри.

Момчето од Флорида не само што победи, туку и постави личен рекорд од 9,81 секунди, оставајќи ги зад себе Јужноафриканецот Акани Симбине (9.86) и Летсиле Тебого (9.88) од Боцвана.

Трократниот светски шампион на 100 и 200 метри и во штафетата 4х100 метри, ја потврди врвната форма пред најголемиот спортски настан на планетава и без дилема е прв фаворит за златото во Париз.

На Лајлс му недостасува златниот олимписки медал како би ја комплетирал својата богата колекција одликувања. Тој во Токио беше трет на трката на 200 метри.

Се вчитува...