Ноа Лајлс е големата ѕвезда на Светското првенство во атлетика што се одржува во Будимпешта откако американскиот спринтер со извонредна трка стигна до златото на 200 метри.
Со тоа, Лајлс е првиот по осум години пауза што на едно СП во атлетика успеал да ги обедини титулите на 100 и на 200 метри. Последниот кому тоа му пошло од рака беше легендарниот Усеин Болт на СП во 2015 година.
Лајлс доминираше на денешната финална трка, стигнувајќи до златото со време од 19,52 секунди, сепак далеку послаб резултат од светскиот рекорд на Болт (19,19) што Американецот најавуваше дека е подготвен да го урне во Будимпешта. Второто место вечерва му припадна на Еријон Најтон од САД со 19,75 секунди, додека бронзата заврши кај Летсиле Тебого од Боцвана, кој оствари време од 19,81 секунди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА