Машката тениска репрезентација на Србија губи од селекцијата на Чиле со 2-0 во првото коло од квалификациите за Дејвис купот.
Дека сè не тргнало во вистинската насока за Србија покажуваат и најновите информации, бидејќи според медиумите во Чиле, Душан Лајовиќ морал да оди во болница по натпреварот. Тој добил контузија на главата, исечена усна и евентуално скршен заб откако ја удрил главата во стаклена плоча на пат кон соблекувалната.
Итно бил однесен од теренот во клиниката „Универзидад де Лос Андес“ лоцирана во Сантијаго, додека цело време бил свесен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

