Лајпциг запиша лесна победа од 2-0 против Аугсбург во првиот натпревар од 22. коло во Бундеслигата, со што активно ја продолжува „битката“ за позициите кои следната сезона водат во Лигата на шампионите.
По овој триумф, Лајпциг се проби на втората позиција на табелата со 38 бода, три односно четири бода повеќе од директните конкуренти за второто место Баерл Леверкузен, Борусија Дортмунд и Шалке 04. На врвот неприкосновен е Баерн Минхен со 53 бода.
Победата на Лајпциг ја најави Французинот Упамекано во 17. минута а Кеита во 70. минута ги заокружи конечните 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА