Фудбалерите на Лајпциг одиграа без голови против Келн во 13. коло од Бундеслигата, пропуштајќи можност да се пробијат на врвот од најквалитетното германско клупско натпреварување.
А, гостите беа далеку порасположени на денешните попладневни натпревари со извојувани четири победи. Ајнтрахт Франкфурт славеше со 0-2 на гостувањето против Аугсбург, а Вердер со голот на Динкчи во 90. минута дојде до победа против Мајнц.
Шалке 04 продолжува со тонењето, овој пат со пораз и од Арминија Билефилд од 0-1. Стрелец на победничкиот гол за гостите беше Клос во 53. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 13. КОЛО
Аугсбург – Ајнтрахт Ф. 0-2
Менхенгладбах – Хофенхајм 1-2
Мајнц – Вердер Бремен 0-1
Лајпциг – Келн 0-0
Шалке – Арминија Билефилд 0-1
Баер Леверкузен – Баерн Минхен (18:30 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

