Лајпциг по трите натпревари без триумф (две реми и еден пораз) денеска лесно се врати на победнички патеки, славејќи со 3-0 над Вердер. Победникот беше решен уште во првото полувреме, во кое Клостерман и Шик ја затресоа мрежата на гостите од Бремен. Точка на триумфот стави Мукиеле со голот постигнат во првата минута од второто полувремеЛајпциг со овој триумф има два бода повеќе од Баерн на првото место на табелата, но баварскиот гигант утре го игра својот меч од ова коло, против екипата на Келн.
Заминувањето на Јирген Клинсман не им падна тешко на фудбалерите на Херта, кои славеа на првиот меч по промената на кормилото, на гостински терен против Падерборн со 1-2. Куња беше стрелец на победничкиот погодок, на асистенција на Пјонтек.
Баер Леверкузен во драматична завршница славеше на гостувањето против Унион Берлин со 2-3, благодарение на погодокот на Белараби во 94. минута.
Многу интересно беше и на дуелот Хофенхајм – Волфсбург, на кој гостите три пати водеа за на крајот да триумфираат со 2-3 со голот на Вегхорст во 71. минута.
Резултати Германија:
Аугсбург – Фрајбург 1-1, Хофенхајм – Волфсбург 2-3, Падерборн – Херта 1-2, Лајпциг – Вердер 3-0, У. Берлин – Баер Л. 2-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

