Лајпциг до планирани три бода

Лајпциг ја оправда фаворитската улога на домашниот натпревар против Хајденхајм, славејќи со минимални 2-1 за скок на четвртото место на табелата. Главните возбудувања на овој натпревар се случија во првиот дел, Лајпциг поведе со 2-0 преку Опенда (од пенал) и Поулсен, а гостите пред самиот крај на полувремето намалија на 2-1. Двата тима имаа свои шанси во второто полувреме, но мрежите мируваа и Лајпциг со цел плен го заврши овој натпревар.

Волфсбург добро ја стартуваше сезоната, но во последно време тимот на Нико Ковач се наоѓа во многу слаба форма. Доказ за тоа е и денешниот пораз од 3-1 на гостувањето против Бохум.

Борусија Менхенгладбах стигна до четвртиот овосезонски триумф славејќи со 2-1 над Хофенхајм, благодарение на погодокот на Нгуму во 80. минута.

За потсетување, денешниот дуел меѓу Баерн Минхен и Унион Берлин беше одложен откако баварската престолнина беше прекриена со снег во последните 24 часа, правејќи го невозможно играњето на „Алијанц Арена“.

Се вчитува...