Лајпциг стигна до преубедлива победа на гостувањето кај Аусбург во 8. коло од Бундеслигата славејќи со 0-6.
Голеадата започна уште во 10. минута од средбата кога мрежата ја затресе Диоманде, осум минути подоцна гол постигна и Кардосо, а во 22. минута висока предност за гостите донесе Нуса. До крајот на полувремето мрежата ја затресе и Баумгартнер за 0-4.
Во 56. минута Уедраого донесе предност од 0-5, додека Лукеба во 65. минута го постави конечниот резултат.
Во останатите натпревари:
Ајнтрахт Франкфурт – Сент Паули 2-0
Хофенхајм – Хејденхајм 3-1
ХСВ – Волфсбург 0-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

