Лајпциг донесе одлука за иднината на Елмас

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас зимава ќе го напушти тимот на Лајпциг. Според информациите, германскиот тим донел одлука или да го позајми, или да го продаде Елмас во јануарскиот преоден рок.

Позајмица секако влегува во комбинација, но можна е и продажба ако се добие добра понуда. Пред неколку недели се шпекулираше дека враќањето во Фенербахче е готова работа, и тоа откуп помеѓу 15 и 17 милиони евра, што е за девет милиони помалку од она кое Лајпциг го плати на Наполи да го донесе на „Ред Бул Арената“.

Елмас во првиот дел од сезоната имаше далеку од скромна минутажа во дресот на „биковите“, па затоа веројатно на зима ќе го напушти Лајпциг, а најверојатно и Германија.

Се вчитува...