Лајпциг имаше историска дебитантска сезона во Бундес-лигата, во која оваа екипа го освои второто место и обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Раководството на Лајпциг не ја крие желбата со уште поголеми амбиции да влезе во новата сезона, па покрај одбиените понуди за двајцата најдобри играчи, Кеита и Форсберг, доведено е и првото поголемо засилување за овој тим во дебитантската сезона во ЛШ.
Станува збор за Португалецот Арминдо Брума, кој доаѓа од редовите на Галатасарај за сума од 12 милиони евра, која може да скокне до 15 милиони дколку се исполнат клаузулите наведени во договорот за трансфер.
„Брума е перфектно засилување за нашата екипа. Тој е многу брз, технички исклучително надарен, а има и одличен голгетерски инстинкт“ – истакна директорот на Лајпциг, Ралф Рангник.
Португалскиот ас на 84 натпревари за Галатасарај постигна вкупно 15 гола и 20 асистенции, бројки што ќе се обиде да ги подобри во следните четири сезони што ќе ги мине во дресот на Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА