Лајпциг е рамо до рамо со Баерн во Бундес-лигата

Лајпциг лесно и убедливо го совлада Келн со 4-1, уште еднаш потврдувајќи ја кандидатурата во борбата за највисок пласман во Бундес-лигата сезонава.

Тимо Вернер го отвори резултатот по 23 минути игра, а Лајпциг до крајот на полувремето веќе имаше водство од 3-1 откако во листата на стрелци се запишаа и Форсберг и Лаимер. Точка на новата победа стави шведскиот репрезентативец Емил Форсберг со својот втор гол на натпреварот.

Лајпциг со овој триумф повторно се израмни со Баерн Минхен, двата тима сега имаат по 24 бода, само еден помалку од лидерот Борусија Менхенгладбах.

Се вчитува...