Резултатската криза на Лајпциг уште повеќе се продлабочи откако клубот чиј член се уште е Елиф Елмас претрпе нов пораз во 2026, овојпат на домашен терен од Мајнц со 1-2.
Во Лајпциг имаат за што да жалат ако се знае дека дури и први поведоа преку Хардер во 40. минута, но Мајнц успеа да израмни од пенал пред крајот на првото полувреме, а потоа во 50. минута и да направи целосен пресврт со погодокот на Мвумпа.
Во криза тоне и Ајнтрахт, кој и по доаѓањето на новиот тренер Алберт Риера не успеа да се разбуди од зимскиот сон, губејќи на домашен терен од Баер Леверкузен со 1-3. „Фармацевтите“ одиграа фуриозно од 26. до 33. минута и преку Артур и Тилман поведоа со 0-2, Ајнтрахт во вториот дел намали на 1-2, но Баер ја запечати заслужената победа со голот што го постигна Гарсија во 93. минута.
Резултати Германија:
Aјнтрахт – Баер Л. 1-3, Лајпциг – Мајнц 1-2, Хофенхајм – Ун. Берлин 3-1, Аугсбург – С. Паули 2-1, Вердер – Борусија М. 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

