Германското „чудо од дете“ кога станува збор за тренерскиот занает, Џулијан Нагелсман, ги шокираше фановите на Хофенхајм објавувајќи дека на крајот од новата сезона ќе си замине од клупата на овој клуб. Лајпциг ќе биде новиот клуб на Нагелсман од јули 2019 година, откако овој клуб ја искористи клаузулата во договорот со Хофенхајм, кому ќе му плати пет милиони евра за да го осигура доаѓањето на одличниот стратег.
Овој 30-годишен стручњак бележи одлични резултати со Хофенхајм, промовирајќи се во еден од најперспективните фудбалски стратези во Европа. Претходно тој беше поврзуван со Арсенал и Баерн Минхен, ги отфрли тие понуди останувајќи во Хофенхајм, но овојпат реши да ја прифати понудата на Лајпциг.
„Му благодарам на Хофенхајм за се што стори за мене, за шансата што ми ја даде на толку рана возраст. Сакав иднината да ја разрешам час поскоро за да нема бројни шпекулации како што беше случај претходно. Ова е историска сезона за Хофенхајм, ќе играме во ЛШ и не сакав фокусот да биде насочен кон мене. Одам во Лајпциг, но претходно ќе сторам се за да оствариме нови историски резултати со мојот сегашен клуб“ – изјави Нагелсман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА