Лајпциг: Го продолживме договорот со Гвардиол, нема да го продаваме ниту на лето

Екипата на Лајпциг се огласи по повод интересот за големите клубови за дефанзивецот на Хрватска, Јошко Гвардиол. Челси, Реал Мадрид, Барселона и останатите, се подготвени за 100 милиони евра да го купат играчот кој „блесна“ на Мундијалот во Катар.

Меѓутоа од германскиот тим засега немаат намера да преговараат за продажба, па дури ни на лето. Барем такви се најавите од Лајпциг.

„Добро е што го продолживме договорот со Гвардиол пред неколку месеци. Среќни сме за тоа, и тоа значи дека ја имаме контролата над него. Не сакаме да чуеме за продажба ниту на лето“, велат од Лајпциг.

Се вчитува...