Добрата понуда од 90 милиони евра и повисока плата, не беа „мамка“ за Лајпциг и Јошко Гвардиол. Хрватскиот репрезентативец на крајот се реши да остане во Германија, а денеска го продолжи договорот на уште пет години.
Гвардиол беше еден од најбараните стопери во овој преоден рок. Се поврзуваше со преселба во гигантите, а Челси беше најзаинтересиран кој испрати и понуда од 90 милиони, но Лајпциг „ладно“ ја одби.
Самиот Гвардиол искажа задоволство што останува во Лајпциг.
„Играме во Лигата на шампионите и освоивме Куп. Сакам да се бориме за сите трофеи оваа сезона. Благодарен сум на клубот што ме има во долгорочните планови“, истакна Гвардиол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

