Лајпциг губи здив во трката со Баерн

Лајпциг загуби нови бодови во трката за титулата, откако второпласираниот тим на табелата одигра само 0-0 на гостувањето против Борусија Менхенгладбах, па сега има „минус пет“ бода, но и меч повеќе во однос на лидерот Баерн Минхен.

Првото полувреме донесе здодевен фудбал без ниту една шанса на двете страни, но многу поинтересно беше во вторите 45 минути. Борусија даде гол, беше досуден и пенал за домаќините, но и во двете ситуации реакцијата од ВАР-собата спречи Лајпциг да се најде во негатива на овој меч.

Гостите најубавата шанса ја имаа на десетина минути до крајот, кога ударот на левиот бек Раум заврши во дирекот, па второпласираниот тим на табелата мораше да се задоволи само со еден, наместо со посакуваните три бода на овој меч.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...