Лајпциг со пресврт го совлада Аугсбург со 3-1 и го чува првото место на табелата во Бундес-лигата со 37 бода. Гостите поведоа со голот на Флоријан Нидерлехнер во осмата минута, Лајмер израмни на стартот на вториот дел, а Патрик Шик и Јусуф Полсен донесоа триумф за Лајпциг.
Баерн Минхен долго не можеше да го отвори резултатот против Волфсбург. Младиот напаѓач Џошуа Зиркзе погоди во 85.минута, а потоа и Серж Гнабри го потврди триумфот на баварскиот тим.
Баер Леверкузен славеше на гости против мајнц со 0-1, со голот на Лукас Аларио во 93.минута, а Шалке и Фрајбург одиграа 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА