Лајпциг и Елмас од лето со нов бренд на опрема, ќе добијат 100 милиони евра

Екипата на Лајпциг објави дека потпишала долг договор со познатиот бренд на опрема „Пума“. Досега Лајпциг беше опремуван од „Најк“, но од лето тоа ќе се промени, па Елмас и другарите во иднина ќе се облекуваат во „Пума“.

Според информациите, за новиот договор со новиот набавувач на опрема, тимот ќе заработи 100 милиони евра, но не  е познато на колку време е договорот. Лајпциг носеше „Најк“ во изминатите десет години.

Пума е бренд спонзор и за Борусија Менхенгладбах, Борусија Дортмунд и Хаденхајм во Бундеслигата.

Се вчитува...