Лајпциг и Баер Леверкузен одиграа за Баерн Минхен во трката за шампионската титула во Германија, со денешните порази од Волфсбург односно Мајнц во 18. коло од Бундеслигата.
Лајпциг доживеа изненадувачки пораз од една од најслабите екипи во лигата, Мајнц со 3-2. Имаше водство Лајпциг од 1-2 до 30. минута, но потоа дозволи пресврт и победа на домашните.
Баер Леверкузен, пак, загуби на домашен терен од Волфсбург со 0-1. Гостите дојдоа до победата со погодокот на Баку во 35. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 18. КОЛО
Арминија Билефилд – Ајнтрахт Ф. 1-5
Аугсбург – Унион Берлин 2-1
Леверкузен – Волфсбург 0-1
Фрајбург – Штутгарт 2-1
Мајнц – Лајпциг 3-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

