Лајпциг им го нанесе првиот пораз на „милионерите“

Првиот пораз во Бундес-лигата го доживеа и Борусија Дортмунд. Многу голови, возбуда, црвени картони, и на крајот бодовите за Лајпциг. Гостите триумфираа со 2-3 и му направија услуга на Баерн Минхен, кој сега има само два бода негатива во однос на „милионерите“.

Обамејанг уште во четвртата минута го доведе домашниот тим во водство, меѓутоа Сабицер и Поулсен направија целосен пресврт до крајот на првиот дел.

Во второто полувреме два пенали, Аугустин погоди за Лајцпиг, Обамејанг за Борусија Дортмунд, но на крајот славеше гостинот со 2-3.

Се вчитува...