Германскиот тим Лајпциг ја најде замената за напаѓачот Бенџамин Шешко, кој направи трансфер во Манчестер Јунајтед. Изборот падна на напаѓачот на Гезтепе, Ромуло Кардосо. Договорот ќе биде 20 милиони евра, плус бонуси од 5 милиони евра. Покрај тоа, Гезтепе ќе добие процент од следна продажба.
Станува збор за 23-годишен бразилски интернационалец кој е висок 193 сантиметри, а во Гезтепе дојде во 2024 година, и во првата сезона постигна 14 голови во 29 меча и запиша девет асистенции. Претходно беше дел од Атлетико Паранензе.
Лајпциг го продаде Шешко за повеќе од 75 милиони евра на Манчестер Јунајтед, а сега за тројно помалку ќе ја ангажира неговата замена. Следен кој ќе биде продаден од страна на Лајпциг треба да биде Елиф Елмас, кој е пред преселба во Италија за сума од 14-15 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

