Лајпциг ја официјализираше замената за Шешко

Германскиот тим Лајпциг официјално го промовираше бразилскиот интернационалец Ромуло од Гезтепе, како нов напаѓач. 23-годишниот фудбалер потпиша договор до 2030 година, кој е платен 20 милиони евра плус бонуси.

Ромуло доаѓа во „биковите“ како замена за Бенџамин Шешко, кој се пресели во Манчестер Јунајтед.

„Доаѓањето во Лајпциг е огромен чекор во мојата кариера. Бундеслигата е една од најсилните лиги во светот и сакам да се докажам тука на највисоко ниво“, рече Ромуло.

Ромуло постигна 13 гола и имаше девет асистенции во 29 настапи во турската Суперлига.

Се вчитува...