Лајпциг ја продолжи агонијата на Борусија Дортмунд

Лајпциг им се врати на победите и воедно ја продолжи кризата на Борусија Дортмунд славејќи со 2-0 во дербито на 26. коло во Бундеслигата.

Симонс во 18. минута донесе предност за Лајпциг, а победата ја осигура Опенда, на асистенција на Симонс во 48. минута.

За Лајпциг тоа е 11 триумф во сезоната со кој стигна до 42 освоен бод за петто место, додека Борусија Дортмунд со 35 освоени бодови останува на само 11. место на табелата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...