Шпекулациите дека Јулијан Нагелсман би можел да се врати назад во тимот на Лајпциг експресно беа „оладени“ од страна на тимскиот шеф Роџер Шмит.
Тој јасно стави до знаење дека никој во Лајпциг не размислува на оваа тема, бидејќи управата на клубот е задоволна од досегашната работа на Мартин Демикелис, кој летово пристигна во Бундес-лигата.
„Јасно ми е дека во овие модерни времиња е лесно да се појават шпекулации, но овојпат тоа е предалеку од вистината. Реалноста е дека нам не ни треба Нагелсман ниту било кој друг стратег бидејќи веруваме во тренерот што го имаме во моментов. Како клуб сме со став дека треба да постои континуитет на тренерската позиција и воопшто не размислуваме на било какви промени на ова поле“, истакна Шмит.
Нагелсман претходно седеше на клупата на Лајпциг во периодот од 2019 до 2021 кога, кога самиот побара да си замине од клубот за да се пресели на кормилото на Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
