Лајпциг ќе се бори со „пола Европа“ за својот голгетер

Бундеслигашот Лајпциг, ќе му понуди нов договор на својот напаѓач Бенџамин Шешко, и покрај тоа што го бараат многу клубови, особено од Премиерлигата.

Словенецот пристигна во Лајпциг од Салцбург, и веднаш се наметна како трајно решение во нападот на Бундеслигашот. Со цел да му ја зголеми цената, тимот од Германија има намера да му го продолжи договорот, и поради тоа наводно веќе го контактирала неговиот менаџер, и деновиве треба да имаат средба за да ги договорат сите детали.

Шешко има договор до 2028 година. Јасно му е и на Лајпциг дека лесно може да го загуби својот голгетер, па затоа сака да договори со неговиот менаџер гаранција дека ќе остане и следната сезона во Бундеслигашот. За него најзаинтересиран е Арсенал, а има интерес и од Челси, додека во редот чекаат и ПСЖ и Милан.

Се вчитува...