Лајпциг, Милан и Челси во битка за потпис на напаѓач на Вилјареал

Николас Џексон е еден од најбараните напаѓачи ова лето. Фудбалерот на Вилјареал е мета на неколку европски великани меѓу кои се и Лајпциг, Милан и Челси, пренесуваат шпанските медиуми.

Дваесетиедногодишникот оваа сезона забележа 12 голови на 26 одиграни натпревари во Ла Лига, а притоа собра и искуство настапувајќи во Конференциската лига каде шпанскиот состав стигна до осминафиналето.

Џексон кој популарниот „Трансфермакрт“ го проценува на 30 милиони евра има откупна клаузула во договорот од 35 милиони која според информациите од Пиринејскиот полуостров заинтересираните тимови мораат да ја активираат доколку сакаат негов ангажман.

Се вчитува...