Тимот на Лајпциг му врачи отказ на тренерот Марко Розе. Чашата се прели после поразот од Борусија Менхенгладбах од 1-0. Со него заминуваат и другите тренери како Александар Циклер, Марко Курт, Франк Геидек и Френк Ахлиг.
Розе го презеде тимот во септември 2022 година и го водеше тимот на 125 натпревари. Го освои Купот на Германија, како и Суперкупот. Се пласираше два пати со тимот и во Лигата на шампионите.
Розе на почетокот на 2024 година го ангажираше во Лајпциг и Елиф Елмас, кој од оваа година е позајмен на Торино, каде што блеска, и може да се каже дека Розе направи грешка што не го задржа.
Розе во минатото работеше и во Борусија Дортмунд, во Борусија Менхенгладбах и во Ред Бул Салцбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА