Лајпциг со три од три ја стартуваше новата сезона во Бундеслигата откако вечерва во првиот натпревар од третото коло славеше со 1-3 на тешкото гостување кај Борусија Менхенгладбах.
Одличниот Тимо Вернер повторно беше главниот актер во победата на гостите, откако беше стрелец на три гола. Првиот во 38. минута, по асистенција на Форсберг, а вториот во 47. по асистенција на Поулсен. Емболо во 91. минута го намали резултатот на 1-2, а две минути подоцна имаше шанса и да донесе нерешено за својот тим, но од пет метри со глава биеше непрецизно, по што следеша казна од Вернер кој со својот трет гол ги постави конечните 1-3.
По првите три кола Лајпциг покажува дека е сериозен кандидат за прекинување на доминацијата на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд во германскиот фудбал. Менхенгладбах го доживеа првиот пораз сезонава, а има исто толку и победи и нерешени средби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА