Претпоследното коло од Бундес-лигата разреши уште една дилема, особено кога станува збор за битката за опстанок – Холштен Кил испаѓа од Првата лига заедно со екипата на Бохум.
Холштен Кил играше одлично во последно време, но денешниот пораз на домашен терен од Фрајбург значеше и дефинитивно губење на сите шшанси за опстанок. Фрајбург пак со оваа победа успеа да се искачи на четвртото место и да направи џиновски чекор кон место во Лигата на Шампионите за наредната сезона.
Хајденхајм како гостин славеше над Унион Берлин со 0-2, резултат со кој Хајденхајм побегна од Холштен Кил, па во последното коло ќе се обиде да побегне и од 17. место кое значи учество во бараѓот.
Разочарувачката сезона на Лајпциг продолжи со денешното реми против Вердер, исход со кој клубот на нашиот Елиф Елмас и дефинитивно ги загуби сите шанси за пласман во ЛШ, па Лајпциг за првпат по шест години пауза нема д абиде дел од елитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

